Наградени 62-ца припадници на Командата за обука и доктрини во Велес

Во велешката касарна „Алексо Демниевски Бауман“ на денот на одбележувањето на 34 години од формирањето на Македонската армија беа наградени 62-ца припадници, тројца унапредени и четворица пофалени офицери, подофицери и граѓански лица кои што се припадници на Командата за обука и доктрини (КОД).
признанија во касарна велес
Наградени 62-ца припадници на Командата за обука и доктрини во Велес
  • По повод Денот на Македонската награда во велешката касарна на свеченост рекорден број на наградени
  • Наградени се офицери, подофицери и граѓански лица ангажирани во армијата
  • Со повеќе свечености низ државата се одбележува 18 август, Денот на Македонската армија, а синоќа имаше почесна стрелба во Скопје

Тие се офицери, подофицери и граѓански лица ангажирани во армијата чии имиња беа соопштени на свеченоста во касарната. Сите се заслужни со давање на личен придонес, рече полковник Дарко Стојкоски заменик командант на КОД.

Прочитајте го и ова:

https://kanal77.mk/da-ne/

Прочитајте го и ова:

https://kanal77.mk/%d0%bc%d0%b8%d1%81%d0%b0%d1%98%d0%bb%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d0%b1%d1%80%d0%b8%d1%81%d0%b5%d0%bb-%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%b5%d0%bd-%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%82/

„КОД систематски придонесува давање на капацитет и јакнење на оперативните способности на армијата. Со право можеме да кажеме дека обуката е темелот на подготвеноста, а знаењето е една од најсилните способности што може да ги поседува една армија. Тоа е мисијата на КОД и тоа е нашиот придонес“, истакна полковникот Стојковски.

Слушај радио во живо

Со повеќе свечености низ државата се одбележува 18 август, Денот на Македонската армија. Синоќа во Скопје по тој повод се одржа почесна артилериска стрелба.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ