По скандалот со враќање на авионот на летот Белград-Москва се огласи и екс министерот Александар Вулин, поради кого и е прекинат летот.
-Навистина ми е жал и непријатно што толку многу луѓе се вратени, што нивните животи и обврски се уништени поради обидот политички да се справуваат со мене. Тие не се виновни и не се обврзани да трпат ваков вид искуство и правна и каква било друга несигурност – рече Вулин за телевизијата Информер .
Зборувајќи за обвинувањата дека одбил да го извади ременот за време на контролата, Вулин категорично ги негираше.
-Лага! Каков ремен, го симнав три пати. Па чекајте, навистина мислите ли дека некој би ме пуштил да си одам ако одбијам да го симнам безбедносниот ремен? – праша Вулин.
Тој, исто така, ги отфрли тврдењата дека носел голема количина злато во багажот.
-Сега злато? Тоа беа пари тогаш, од каде дојде златото? Каде го најдоа златото? Секако дека сето тоа се лаги и измислици, којзнае што уште ќе смислат – рече Вулин.
Вулин објасни дека отишол во Москва официјално, со цел да разговара за продолжување на гасниот аранжман, од кој, како што нагласи, зависат интересите на сите граѓани на Србија.
-Не отидов во Москва како турист, иако е еден од најубавите градови во светот. Отидов службено, да се борам за продолжување на нашиот гасен аранжман. Не за мене и тебе, туку за сите граѓани на Србија






