На Ива Михаилова и’ биле одземени и македонскиот и бугарскиот пасош, според Обвинителството – тогаш како легално преминала, како самата тврди?!

Јавното обвинителство на Македонија соопшти дека и двата пасоша на сега пребеганата Ива Михаилова во Бугарија, и’ биле одземени по предлог на јавен обвинител. Но, тогаш, како Михаилова успеала да премине граница, како што самата тврди легално, без никој да ја сопре?

-На обвинетата, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување држацна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните основи поради кои обвинителството повеќе пати даваше негативно мислење во однос на барањето за враќање на патната исправ, соопшти ЈОРМ.

Во изјава за буфарските медиуми, Михаилова откри дека двете граници ги преминала со лична карта, иако за влез во Бугарија личната карта не е важечки документ.

-Јас имам лична карта во мене и со неа поминав, имам и македонска и бугарска. На бугарската граница покажав бугарска, а на македонската, македонска лична карта“, изјав Михаилова.

Како што веќе информиравме, Михаилова, на која и се суди во Македонија за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици, од претпладнете е во Софија, иако има забрана за напуштање на државата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ