Извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) во извештајот за работењето на ЈП КОмунална хигиена – Скопје за 2024 година го потврди она што граѓаните го гледаат и го чувствуваат врз квалитетот на животот.
Ревизијата открива дека 60% од возилата се нефункционални или од вкупно 189 специјални комунални возила со кои располага претпријатието, само 76 се во возна состојба, додека 80 се неисправни и 33 се хаварисани, или 113 возила се нефункционални, со просечна старост од 15 години и намалена способност за генерирање економски користи.
Дури 40 отсто од резервните делови на залиха се застарени и не можат да се користат, а претпртијатието има над 74 отсто ненаплатливи побарувања поради регистрација на корисници без договори и верификација.
Начинот на пресметка на платата на директорот не е усогласен со законската регулатива, а утврдени се и неправилности кај прекувремената работа на административните службеници.
ДЗР ги утврди и имот без документи. Земјиштето и објектите што ги користи претпријатието се евидентирани без имотни листови и катастарска структура, а дел од имотот нема проценка на вредноста. Неевидентирана опрема – полуприколки во вредност од 29 милиони денари не се внесени во книгата на основни средства. Непаричен влог – основачкиот влог од 223 милиони денари не е запишан во Централниот регистар.
Прокрај тоа, лица се ангажирани преку приватни агенции за постојани работи, во континуитет.
Претпријатието е вклучено во повеќе судски постапки како тужител и тужена страна. Дополнително, евидентирана е намалена ликвидност и влошена деловна ефикасност, со продолжен период на наплата на побарувањата и зголемен период на плаќање на обврските.






