Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираното Одделение за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје.
Најавувајќи ја реконструкцијата тој рече:
-Од 1965 година наваму шајка не е закована, полека но сигурно почнуваме да ги реализираме приоритетите. За жал не можеме преку ноќ она што со децении било уништувано да го испрвиме, но еден по еден ги решаваме. Здравството ќе биде еден од врвните приоритети во работата на Владата. Ќе продолжиме да инвестираме. Веќе буџетот надминува една милијарда евра годишно којшто се инвестира во здравството. Имаме планови, имаме развојни проекти коишто во периодот што следи ќе почнат да се реализираат. Така што ова е веќе во низа инвестиции во здравството коишто ги имавме овие две години во период којшто се реализираме уште неколку вакви проекти, рече Мицкоски.






