Ја запросил додека се возеле – Пејачката Адријана Ацевска се мажи во Хрватска

Популарната пејачка Адријана Ацевска се сврши со Дино Филипов, кој по потекло е од Македонија, но живее и работи во Сплит. Нивната тригодишна љубов ја крунисаа со прстен во петокот, и тоа на многу нобичен начин- додека се возеле. Дино има свој бизнис, помал е од Адријана, но тоа не е важно. Важно е дека тие се сакаат и дека им е убаво.

Вљубениот пар го најдовме во Грција, каде уживаат во убавите моменти и од таму за Канал77.мк ја раскажаа нивната љубовна приказна.

-Се запознавме пред три години, тој од Сплит дошол во Скопје и дојде на мој настап. Уште од првиот момент кога се здогледавме се случи нешто и кај мене и кај него. Од првиот момент се знаеше дека ќе се случи нешто големо. Од почеток се знаеше дека ќе бидеме заедно до крај. Врската ни беше на релација Скопје-Сплит, јас таму, тој тука, па социјални медиуми, па камери за добро утро и на крај решивме да се скрасиме на едно место, ни рече Адријана, за Канал77.мк.

Хемијата која се појавила на првиот поглед преминала во љубов. И двајцата велат дека се случило токму тоа што и двајцата го посакувале.

-Поразличен е од сите. Се она што сум го сакала и замислувала да има еден маж, го има кај него. Буквално се. Знае кога си замислуваш каков човек сакаш покрај се, да биде добар, внимателен.., сето тоа го има кај него, ни откри Адријана.

Дино на шега вели:

-Ми намигна, затоа, се пошегува тој па додаде:

-Ми де допаѓа нејзината душа, прекрасна е, рече тој.

Адријана вели многу ја воодушевил начинот на кој ја побарал за жена. И навистина уникатен е.

-Јас бев во Шпанија на одмор и се вратив преку Тирана. Тој ме пречека на аеродром и тргнавме накај Македонија. По пат додека се возевме ми го извади прстенот. Додека возеше. Уникате начин. Ми вели а зошто да бидам како сите, кога можам да бидам различен. Навистина многу беше интересно. Дојдовме во Скопје, одморивме еден ден и дојдовме во Грција да се одмориме пред официјално да започнат подготовките на се понатаму што следува, ни рече пејачката.

А следува свадба. Засега велат тие, нема датум, но ќе биде што поскоро. Сплит или Скопје се уште не решиле како да направат.

А музиката? Музиката за Адријана ќе биде на пауза.

-Музиката ќе почека, време е за љубов, ни рече таа.

Весна Миленковска

Фото: Приватна архива

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ