- Кадровски промени и нови очекувања: На местото на разрешените службеници се поставени нови кадри
- Порака за одговорност: Директорот на БЈБ, Александар Јанев, истакна дека полициските овластувања се обврска кон граѓаните кои ги плаќаат инспекторите, нагласувајќи дека мора да има одговорност за неработењето и дека заштитата на граѓаните е на прво место.
Полицискиот инспектор е платен од граѓаните за да го открива криминалот и да ги штити. Значката, униформата и овластувањата не се привилегија, туку обврска“, порача директорот на БЈБ.
Тој додаде дека одговорност мора да има таму каде што нема резултати, а заштитата на граѓаните, како што рече, мора секогаш да биде на прво место.
Целата регионална организациска единица во рамки на криминалистичката полиција при СВР Куманово, задолжена за борба против трговијата со дрога, е распуштена поради недоволни резултати, соопшти денеска директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, по работната посета на СВР Куманово. Членовите на единицата се разрешени од досегашните позиции и упатени на други работни места, а на нивно место се поставени нови полициски службеници.
Слушајте радио во живо
Јанев, заедно со дел од својот тим, денеска престојувал во работна посета на СВР Куманово, каде што биле разгледани состојбите со безбедноста, криминалот и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка.
Според Јанев, по 11 недели од формирањето на Работниот тим за борба против дрогата, резултатите на подрачјето на СВР Куманово не биле на очекуваното ниво.
„Во оваа борба нема простор за работа само на хартија – потребни се конкретни акции, откриени сторители, запленета дрога, разбиени криминални мрежи и побезбедни улици“, порача Јанев.
Тој информира дека, на негов предлог и со одобрение на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, е распуштена целата регионална организациска единица во рамки на криминалистичката полиција при СВР Куманово која била задолжена за борба против трговијата со дрога.
Прочитајте и за ова:
Сите членови на единицата се разрешени од досегашните позиции и распоредени на други работни места.
Според директорот на БЈБ, одлуката е донесена поради недоволните резултати во работењето.
На нивно место се поставени нови полициски службеници, од кои, како што посочи Јанев, се очекуваат професионалност, посветеност и конкретни резултати во сузбивањето на нелегалната трговија со дрога.
Јанев најави дека вакви кадровски промени ќе следуваат и во други организациски единици доколку бидат утврдени неработење, стагнација или отсуство на резултати.
„Полицискиот инспектор е платен од граѓаните за да го открива криминалот и да ги штити. Значката, униформата и овластувањата не се привилегија, туку обврска“, порача директорот на БЈБ.
Тој додаде дека одговорност мора да има таму каде што нема резултати, а заштитата на граѓаните, како што рече, мора секогаш да биде на прво место.
Сузана Андоновиќ




