Почина возач (47) откако му се преврте возилото кај Дорфулија

СВР Штип соопшти дека сообраќајката се случила вчера попладне, а телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.
  • Возилото излетало на патот Штип – Велес
  • Сопатничката (44) е пренесена во болница

Вчера во 14:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на магистралниот пат Велес-Штип, во близина на клучка за селото Дорфулија, општина Лозово, патничко возило „шкода“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.С.(47) од Куманово, излетало од патот. 

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција.

Со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Т.С.(44) од Куманово, констатирани во Клиничка болница Велес. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Свети Николе.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ