- Пуштен е во функција е порталот vakcinacija.mk преку кој ризичните групи можат да се пријават за бесплатна вакцинација против сезонски грип
- Регистрацијата опфаќа внесување на лични податоци, избор на ризична група и избор на вакцинален пункт, по што следи СМС-известување со термин и локација
- Право на бесплатна вакцина имаат лицата над 65 години, хронично болните, здравствените работници, бремените жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години
Од денеска во функција е порталот за бесплатна вакцинација против сезонски грип, vakcinacija.mk. Преку овој портал, Министерството за здравство им овозможува на граѓаните кои припаѓаат на ризичните групи да можат да се пријават за бесплатна вакцинација.
Слушајте радио во живо
Со отворањето на линкот се појавува формулар, со кој може да се направи регистрација на име и презиме, матичен број, телефон и мејл, избор на која од петте ризични групи припаѓаат и избор на вакцинален пункт. Потоа ќе бидат известени преку СМС-порака за датумот, времето и локацијата на вакцинација, според пунктот што ја избрале при регистрацијата.
Прочитајте и за ова:
Итно прекината вакцина за новороденчиња: Зголемен број на пријави за несакани ефекти
Во групите кои можат да добијат бесплатната вакцина се луѓе над 65 години; луѓе со хронични заболувања; здравствени работници; бремени жени и деца од 6 месеци до 5 години.




