Пожарот во ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” е изгаснат, сите пациенти се безбедни

Фото: Фејсбук/ГОБ 8 септември

Денес, 20 ноември 2026 година, околу 10:35 часот, вработени на првиот кат на ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември” – Скопје почувствувале мирис на чад и забележале чад од терасата на Одделението за ортопедија и трауматологија, кое се наоѓа на вториот кат.

-Веднаш беа известени раководителот на одделението и тимот за евакуација. Со брза и координирана реакција на персоналот, сите пациенти од одделението беа превентивно и безбедно евакуирани и згрижени. Пожарот беше изгаснат со противпожарната опрема на болницата, а беше повикана и противпожарната служба. На местото на пожарот нема електрична ниту гасна инсталација. Материјалната штета е незначителна. Според првичните информации, можно е пожарот да бил предизвикан од отпушок од цигара. Точната причина и околностите се утврдуваат, информираат од .ГОБ „8-ми Септември” – Скопје и додаваат:

-Сите пациенти и вработени се безбедни, а болницата продолжува со редовна работа. Раководството им се заблагодарува на вработените за присебната и професионална реакција, како и на пациентите и нивните семејства за разбирањето. Безбедноста на пациентите и вработените останува наш приоритет, велат од ГОБ „8-ми Септември” – Скопје.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ