МВР информира дека е пронајдено телото на рибарот, кој скокнал по веслата во езрото и не излегол.
Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!
-На 11.08.2026 во 13:15 часот во Преспанското езеро, кај туристичката населба Претор, специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар го извлече телото на М.М. (71) од Скопје, за кој на 08.08.2026 околу 12:20 часот во СВР Битола било пријавено дека скокнал од чамец во езерото кај с.Сливница, ресенско, по веслата кои му паднале. Увид извршила екипа на СВР Битола – ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничка болница Битола за обдукција, информираат од МВР.
Прочитајте исто така: Скокнал во езерото по веслата и не излегол – Се трага по рибар од Скопје






