Проверете дали сте на списокот на добитници – Доделени ваучери за клими

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објавува списоците на добитници на финансиска поддршка за набавка и вградување на инвертер клима уреди, во рамки на Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година.
Фото: Јутјуб
  • За двете опфатени категории се доделени над 500 потврди-ваучери, со кои на домаќинствата што ги исполнуваат условите им се овозможува поддршка за набавка и монтажа на инвертер клима уред.
  • Добитниците имаат уште еден важен чекор – да го реализираат ваучерот до 15 октомври

Поддршката е наменета за:

  • домаќинства со едно или повеќе лица корисници на надоместок заради попреченост, согласно член 44 од Законот за социјалната заштита;
  • домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток до 26 години.

Слушајте радио во живо

Објавени списоците на добитници:

Добитници на финансиска поддршка за ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година, согласно програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2026 година, преку доделување на потврда-ваучер за купување и вградување на инвертер клима уред

  • Добитниците имаат уште еден важен чекор – да го реализираат ваучерот до 15 октомври
©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ