Саниран големиот дефект на водоводната мрежа во Штип

Дефектот на главната водоводна линија во Штип е саниран, информираат надлежните. Водоснабдувањето во погодените населени места ќе се нормализира постепено, согласно протоколите за работа.
Голем дефект на водоводна линија во Штип | Фото: Каровски Мартин
Голем дефект на водоводна линија во Штип | Фото: Каровски Мартин
  • Стручните екипи го отстраниле дефектот на водоводната мрежа.
  • Водата ќе се пушта етапно, без нагло зголемување на притисокот.
  • Целта е да се избегне дополнителен ризик за водоводната мрежа.

Водоводот во Штип е саниран од страна на стручните лица од РЕ „Водовод и канализација“. По интервенцијата, започнува процесот на постепено нормализирање на водоснабдувањето во деловите од градот кои беа погодени од прекинот.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Водоснабдувањето ќе се нормализира етапно

Од надлежните објаснуваат дека по секој поголем дефект, повторното воспоставување на водоснабдувањето се врши според посебни протоколи.

Тоа значи дека водата нема да биде пуштена одеднаш, туку етапно, со цел да се избегне нагло зголемување на притисокот и евентуално дополнително оштетување на водоводната мрежа.

„По секој голем дефект, нормализирањето на водоснабдувањето се врши согласно посебни протоколи за работа, етапно, без нагло пуштање на водата со цел избегнување на дополнителен ризик по водоводната мрежа“, се наведува во соопштението од ЈП Исар.

Од надлежните им се заблагодарија на граѓаните за истрајноста, трпението и разбирањето во периодот на прекинот.

Претходно, делови од Штип беа без вода повеќе од 40 часа

Проблемите со водоснабдувањето следуваа по повторен дефект на главната водоводна линија, откако претходно екипите на ЈП „Исар“ интервенираа повеќе од 40 часа.

Градоначалникот Иван Јорданов прогласи кризна состојба во погодените делови од градот, а најавена беше и дистрибуција на техничка и флаширана вода за жителите.

Прекинот ги опфати Железничка, Пребег, Три Чешми, Ново Село, Исар, делови од Сењак и 8 Ноември.

Повеќе детали за вчерашните случувања прочитајте во претходната објава на Канал 77: Кризнa состојба во Штип: Нов дефект на водоводот, седум населби без вода.

Слушајте го Канал 77 радио во живо КЛИКНЕТЕ ТУКА

(Каровски М.)

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ