Сцени на насилство – пресметка на полицијата со студентите кои протестираа во Тирана (Видео)

Ппопладневниот протест на студентите во Тирана за квалитетно образвоание се претвори во крвав судир со полицијата. Протестите есклаираа кога младите демонстрантите почнаа да фрлаат јајца и да ги бојадисуваа ѕидовите на зградата на Министерството за образование, по што ја урнаа железната огради на тротоарот, фрлајќи ги кон зградата и кршејќи ги прозорските стакла.Потоа влегоа во периметарот на зградата, извикувајќи „Гори, гори“…

Полицијата интервенираше со создавање кордон, а потоа употреби гумени палки и водени топови. Има непотврдени информации за апсење на студенти, како и непотврден број на повредени лица.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ