„Браќа Миладиновци“ во вториот лот
Јаневска информираше дека домот е опфатен во вториот лот, а постапката во моментов е во фаза на евалуација.
„Овој студентски дом е во вториот лот. Во моментот е евалуација и мислам дека се ближи отварањето, штом ќе се заврши тендерот, веќе ќе може операторот што ќе го добие тендерот да почне да работи. Очекувам уште во текот на оваа година“, рече Јаневска.
Таа очекува реконструкцијата да започне уште во текот на 2026 година, по завршувањето на тендерската постапка и изборот на изведувач.
„Коле Нехтенин“ прв регионален центар за реконструкција
Одговарајќи на прашање кога ќе започне реконструкцијата на ДСУ „Коле Нехтенин“ во Штип, регионален електро-машински училишен центар, Јаневска посочи дека сите државни регионални центри ќе бидат реконструирани и обновени.
Целта, како што рече, е учениците и наставниците да добијат соодветни услови за работа и образование.
„Тоа значи седум, каде што реконструкцијата ќе биде поопсежна и осмиот од каде што помалку ќе треба да се вложи. „Коле Нехтенин“ е првиот регионален центар, во кој ние ќе почнеме со реконструкција. Во моментот се доработуваат проектите за сите седум регионални центри, веднаш штом ќе бидат завршени, ќе пристапиме кон операционализирање на тоа што треба“, изјави Јаневска.
Изјавата министерката ја даде по пуштањето во употреба на спортската сала во ООУ „Димитар Влахов“ во Штип.







