Штипјани ќе плаќаат 30% поскапо за собирање смет –  Каде завршија парите на „Исар“?, прашаа од СДСМ

Две поскапувања на комуналните услуги изгласа мнозинството на Советот на Општина Штип.

Услугата за собирање смет поскапува за 35 отсто, а за двојно се зголемува цената на услугата за пристап и користење на комуналната инфраструктура на гробиштата и придружните објекти за операторите на погребни услуги. Образложението е дека ЈП „Исар“ нема финансиска исплатливост.

По седницата реагираа советниците од СДСМ.

-Пред само неколку седници, членовите на Управниот и Надзорниот одбор на ЈП „Исар“ си ги зголемија паушалите. Денес со ова ново зголемување на цените на услугите, повеќе од очигледно е дека партиските апетити на членовите на управните и надзорните одбори во јавното претпријатие, за жал ќе ги плаќаат граѓаните. Тоа значи – поскапи сметки за граѓаните, а повеќе пари за партиските послушници во управните и надзорните одбори. И покрај тоа што ова јавно претпријатие во изминатиот период добиваше неколкукратни милионски суми финансиска помош од Општина Штип, денес повторно се соочува со сериозна финансиска состојба. Тоа отвора едно суштинско прашање: каде завршија парите и зошто, и покрај финансиската поддршка од страна на општината, и покрај поголемите приходи по основ на покачени давачки кон граѓаните, претпријатието не е стабилизирано?, прашаа од СДСМ – Штип.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ