- Оставка: Бобан Утковски поднесе оставка од функцијата директор на Затвор „Скопје“ (Шутка), каде што беше именуван во јули 2024 година.
- Контроверзии: Во јавноста се шпекулираше дека оставката е изнудена поради неправилности, но Утковски често јавно се спротивставуваше на политиките и изјавите на владини функционери.
- Изјави: Тој тврдеше дека „Шутка“ не е мексикански картел и може да гарантира безбедност за Артан Груби, јавно застана во одбрана на затворската полиција и алармираше за лошите услови во затворот, спротивставувајќи се на официјалните тврдења дека состојбите се „под контрола“.
Утковски беше именуван на раководната позиција во скопскиот затвор на крајот на јули 2024 година, а од функцијата се повлекува од лични причини.
Утковски зад себе има повеќегодишна кариера и професионално искуство во областа на безбедноста, управувањето со безбедносни ризици, а во минатото работел и како специјалец, командант и лице за обезбедување.
Слушајте радио во живо
Веќе подолго време се шпекулираше дека од Утковски е изнудена оставка поради наводни неправилности во неговото раководење во затворот. Меѓутоа, во јавноста тој излегуваше со изјави кои беа спротивни на политиките и изјавите на владините функционери.
Една од изјавите на Утковски се однесуваат на одлуката за екс вицепремиерот Артан Груби. Веднаш по неговото предавање на граничниот премин „Блаце“, Груби беше пуштен на домашен притвор поради, како што беше соопштено од Обвинителството, проценката на МВР и АНБ за „безбедносен ризик“ во затворот во Шутка.
Прочитајте уште на темата:
Утковски: Груби никого не посочи дека му се заканувал, во Шутка беше едвај 45 минути
„Затворот ’Скопје’ не е мексикански картел, може да ја гарантира безбедноста на секој штитеник, па дури и на поранешниот вицепремиер Артан Груби“, изјави тогаш Утковски.
Додека претставници на власта најавуваа реформи, строги контроли и одговорност кај затворските службеници, Утковски јавно застана во одбрана на затворската полиција. Тој истакна дека вработените работат во лоши и нехумани услови за ниски плати, директно поддржувајќи ги нивните синдикални барања за подобрување на работните услови, наместо да ги прифати критиките на сметка на персоналот.
Прочитајте и за ова:
Освен тоа, Утковски во повеќе наврати алармираше за загрижувачките услови во кои престојуваат притворениците и осудениците, контрадиктирајќи им на изјавите од Министерството за правда кои ги опишуваа состојбите како „под контрола“. Тој отворено говореше за недостатокот на ресурси и простор, што создаде тензија со надлежните институции.





