Сообраќајка кај Гостивар, повредена жена и деца

Во судар на четири автомобили и еден камион, на магистралата во близина на каменоломите, повредени се четири лица од кои три деца. Од СВР Тетово информираат дека во моментов трае увид и се утврдуваат околностите под кои се случила и материјалната штета.

Портпаролот Фатмир Реџепи, за МИА потврди дека сообраќајката била пријавена утрово околу 7:40 часот во близина на каменоломот „Прогрес 98“.

– По незгодата три малолетни лица и една жена кои биле во еден автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени кон гостиварската болница на пружање медицинска помош, рече Реџепи.

Поради сообраќајната несреќа на патниот правец кон Стража има отежнато одвивање на сообраќајот и се создадоа долги колони во двата правци. Во тек е увид а движењето на возилата кон Кичево и кон Гостивар се врши наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ