Стевчо Јакимовски излегува од затвор – Срам за правдата, реагира ВМРО ДПМНЕ

Јакимовски беше осуден и издржуваше затворска казна од 3 и пол години за бесправна изградба и злоупотреба на службената положба
Стевчо Јакимовски излегува од затвор
  • Врховниот суд, на седница одржана на 9 септември годинава, Советот за казниви дела донел пресуда со која е уважено барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда

Со укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје од 23 април 2025 година, како и пресудата на Апелациониот суд Скопје од 15 мај 2026 година, предметот се враќа на повторно постапување и одлучување.

Слушајте радио во живо

На одлуката реагираше владејачката ВМРО ДПМНЕ:

-На слобода е пуштен и Стевчо Јакимовски, кој беше правосилно осуден за криминал. Ова е сè што треба да знаете за судството водено од ДУИ и СДС, со 2 отсто доверба. Врховниот суд на Африм Фидани нанесува срам на правдата во Македонија. Сега е јасно дека инсталациите на СДСМ и на ДУИ во правосудниот систем сè уште се активни. Затоа талогот останува најдолу“, реагираше ВМРО-ДПМНЕ .

Прочитајте и за ова:

Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот во Шутка

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ