Судот ќе проверува дали навистина Стевчо Јакимовски е болен за во затвор

Стевчо Јакимовски излегува од затвор

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, кој утре требаше да замине на издржување на казната затвор, побарал нејзино одлагање поради болест. Јакимовски го доставил барањето за одлагање на издржување на казната, по што судијата за извршување санкции по приемот на барањето, веднаш пристапил кон проверка  на приложената медицинска документација.

-До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се  барања за проверка на 15.06.2026 како и ургенција на 26.06.2026 година, по кои барања сеуште се чека одговор, како би можел да донесе соодветна одлука. Согласно член 144 од Законот за извршување санкции, судија за извршување на санкција има рок од 30 дена, од приемот на барањето, да ги провери наведените околности  во барањето и да донесе одлука. До донесување на одлуката почетокот на извршувањето на казната се одлага, соопшти Основниот кривичен сид од Скопје.

Јакимовски е осуден со пресуда на овој суд за кривичното дело Бесправно градење од чл. 244 – а ст.1 од КЗ, потврдена со пресуда КОКЖ 110/25 на Апелациониот суд Скопје. Се работи за случај, за кој судот утврди дека незаконски изградил општинската зграда во Карпош.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ