Support Kocani добитник на Наградата за значајни остварувања за развојот на Општина Кочани

Она што започна како обид за помош и поддршка на повредените и нивните семејства, прерасна во симбол на солидарност, човечност и обединување. Со несебична посветеност и искрена хуманост, Support Kocani успеа да ја мобилизира целата заедница – граѓани, компании, организации и наши сограѓани од дијаспората.

Со ова образложение изворната граѓанска иницијатива ја доби највисоката општинска награда – Наградата за значајни остварувања за развојот на Општина Кочани, а по повод 7 Септември, денот на ослободувањето на Кочани.

Оваа награда признание за придонесот во развојот на Општина Кочани, на Граѓанската иницијатива Support Kocani која што се роди во најтешките мигови за градот, веднаш по трагичниот настан на 16 март 2025 година.

Според одлуката на одборот за доделување награди на Општина Кочани, наградата за животно дело постхумно е доделена на Трајче Ѓорѓиев, актер, којшто во театарскиот живот на Кочани има оставено неизбришливи траги уште како аматер, а подоцна и како професионалец во театарската уметност. Тој беше и драмски режисер, особено ангажиран во пантомимата. Пет негови претстави се добитници на Гран при наградата, највисокото признание што го доделува Драмскиот аматерски фестивал на Македонија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ