Сообраќајот во Кочани е во застој. Поточно забрана кај кружниот тек кај хотелот „Национал“, кој се наоѓа на влезот во Кочани.
Според информациите од терен причината е што од цистерна се излеало големо количество нафта.
-Тон нафта се излеа во Кочани. Нафтата истекла од камион, а сообраќајот во застој. Информациите од теренот велат дека е истечено големо количество нафта од камион, приближно еден тон. Врз местото каде што е истечена нафтата се посипуваат земја и песок. Екипите на КЈП „Водовод“, ТППЕ и ОВР – Кочани се на терен. Велат дека сообраќајот бргу ќе биде вратен во функција, се вели во информацијата од Кочани ТВ.





