ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ РАБОТНИЦИ ВО САМО 48 ЧАСА: Го вклучува ли источна Македонија алармот за безбедноста на работниците?

Полициските извештаи продолжуваат да се полнат со настани во кои повредени работници завршуваат во болница наместо на работа.
ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ РАБОТНИЦИ ВО САМО 48 ЧАСА: Го вклучува ли источна Македонија алармот за безбедноста на работниците?
  • Најпогодени се работниците во градежништвото, рударството и текстилната индустрија од Пробиштип, Виница и Кочани
  • За сите регистрирани инциденти е извршен полициски увид, а за потешките случаи веднаш се известени јавен обвинител и трудов инспектор

Често се тоа тешки повреди, поради кои неретко завршуваат и на скопските клиники. Ако се направи основен прегледа, тоа се рудари, градежни работници, конфекционерки од Пробиштип, Виница, Кочани.

Најдобра илсутрација е денешниот полициски билтен од СВР Штип, каде во само 48 часа се пријавени дури три повреди на работа:

Сушајте радио во живо

На 07.09.2026 во 09:35 часот во ОВР Виница, од Општа болница Кочани било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен З.С.(68) од Берово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи за правно лице во Виница. Како што е пријавено, при истовар на глина со товарно возило „ман“ во депонија за глина во кругот на правното лице, возилото се превртело и тој се здобил со повредите. Извршен е увид и за настанот се известени јавен обвинител и трудов инспектор.

Прочитајте и за ова:

Германија се обидува да ја ублажи кризата со увоз на работници, признава се повеќе странски квалификации

На 09.09.2026 во 12:30 часот во ОВР Пробиштип, од Јавна здравствена установа Пробиштип било пријавено дека кај нив со повреда била донесена Е.А.(52) од с.Злетово, пробиштипско. Според пријавеното, таа се здобила со повредата додека извршувала работни задачи во маркет во Пробиштип.

На 09.09.2026 во 21:00 часот  во ОВР Пробиштип, од Итна медицинска помош Пробиштип, било пријавено дека кај нив за укажување лекарска помош бил донесен С.А.(45) од с.Злетово, пробиштипско. Според пријавеното, додека извршувал работни задачи во рудник во село Добрево, пробиштипско, кај него настанало моментална токсикација од чад.

Според годишниот извештај за несреќи при работа објавен од Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) во текот на 2025 година се евидентирани вкупно 113 несреќи при работа.

  • Од нив, 15 завршиле со смртни последици (фатални повреди), додека 98 работници претрпеле потешки или полесни повреди на работното место.
  • Доминантни сектори/области според бројот на повреди
  • Градежништво: Останува најризичниот сектор со најголем број сериозни и фатални повреди.
  • Преработувачка индустрија / Фабрички погони: Втор сектор по зачестеност на механички повреди при ракување со машини и опрема.
  • Комунални услуги и безбедносни/државни служби: Позначаен број повреди се бележат и при работа на терен (одржување, јавни дејности и затворски/безбедносни служби).
  • Земјоделство и шумарство: Сектор со висок ризик, особено при работа со тешка механизација.
©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ