Уапсениот сопственик на „Санте Плус“ повеќе од една година се бара со потерница од албанските власти

Билал Кара, сопственикот на болничката мрежа „Санте Плус“, кој беше уапсен вчера во Скопје, повеќе од една година е баран од албанските власти.
Уапсениот сопственик на „Санте Плус“ повеќе од една година се бара од албанските власти – затаил еден милион евра данок
Уапсениот сопственик на „Санте Плус“ повеќе од една година се бара од албанските власти – затаил еден милион евра данок
  • Истрагата во Македонија е насочена кон тоа да утврди дали болницата наплаќала двојно – и од ФЗОМ и од пациентите
  • Билал Кара е баран по потерница во Албанија за затајување на данок

Според албанските медиуми, на 4 септември 2025 година, полицијата и обвинителството на Албанија ја блокираа работата на клиниката „Интернешнл Медикер“, порано позната како „Санте Плус“, поради сомневања за даночно затајување во вредност од над 1 милион евра.

Слушајте радио во живо

Во вчерашната полициска операција беа приведени осум лица, додека кривични пријави беа поднесени против 11 лица и една приватна здравствена установа. Според истрагите, се сомнева дека хируршките интервенции биле фактурирани истовремено на пациентите и на Фондот. За време на проверките беа запленети околу 50.000 евра.

Основниот Кривичен суд на Кара му определи мерка за претпазливост, одземен му турскиот пасош и забрана да ја напушта Македонија со да има обврска  редовно да се јавува во судот.

Прочитајте уште на темата:

Под истрага одговорни лица од приватна болница и вработени во ФЗО, штетата врз буџетот надминува 1,5 милион евра

Истражните органи поведоа истрагата по сомнежите дека за исти здравствени услуги, болницата наплаќала средства и од Фондот и од пациентите. Се проценува дека со ваквата практика можеби биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти.

Со Билали е уапсена и Геријана Арапи, поранешна директорка на клиниката „Интернешнл Медикер“, која исто така е барана во Албанија.

Како што пишува албанскиот медиум JOQ во 2023 година, пациентот Илир Ѓузи тврдеше дека се соочил со здравствени проблеми по зафат за трансплантација на коса во „Санте Плус“. Тој изрази загриженост за здравствените последици, недостатокот на документација и неможноста да ги идентификува лекарите што го третирале. Во медиумите беа објавени и пријави од други пациенти, меѓу кои и еден 30-годишен маж кој тврдеше дека имал компликации по вградување на забни импланти.

Прочитајте и за ова:

Со лажни хоспитализации испумпани 12 милиони евра од Фондот за здравство, а парите поделени за плати и дивиденди – скандал во Пловдив

На 4 септември 2025 година, полицијата и обвинителството ја блокираа работата на клиниката „Интернешнл Медикер“, поради сомневања за даночно затајување во вредност од над 1 милион евра. При инспекциите биле пронајдени 27 видови лекови за кои постои сомневање дека се шверцувани или со истечен рок на траење, а пет вработени немале соодветно осигурување. Кара и Арапи се бараат по потерница.

Во предметот е вклучена и пријава од португалски државјанин, кој тврди дека платил 5.200 евра за три естетски операции кои никогаш не биле извршени. На 28 октомври 2025 година, судот одреди привремена заплена на имотот на „Интернешнл Медикер“ и „Санте Плус Груп“ во Албанија.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ