Убиен 26-годишник во скопски Чаир – пукале двајца на мотор

Пукано е во група луѓе од двајца на мотор
Фото: МВР

Во група млади луѓе кои се движеле во скопската населба Чаир во близина на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“, синоќа околу 23.30 часот пукале двајца на мотор, по што побегнале. Како што соопшти МВР, А.М. (26), по пукањето бил пренесен во болница, по што починал.

Слушајте радио во живо

-На 06.09.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје, додека Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б.(36), Е.Б.(25) и А.М. (26), сите од Скопје стоеле пред излог на фирма, застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил А.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал, соопшти МВР.

Прочитајте и за ова

За убиства на криминалци се ангажираат млади Македонци! Нов мафијашки тренд

  • Полицијата и истражните екипи до доцна во ноќта вршеа увид на местото на настанот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ