(Видео) Директорот не’ прави идиоти, фирма за служење храна и блокирана сметка доби тендер на КП „Водовод“-Кочани, реагираат од „Доста беше“

Фото: Принтскрин

Целата јавност во Општина Кочани ја прават идиоти, рече Филип Цветанов независен советник во Советот на Општина Кочани.

-Во јуни КП „Водовод“ склучило два договори со фирмата ДК Универзал во вредност од над 50.000 евра. Проблемот е што оваа компанија е со дејност-послужување храна. Освен тоа во моментот кога фирмата победила на тендерите е со блокирана сметка. Како оваа фирма ги исполнува условите да учествува на тендерска постапка и како оваа фирма, со дејност послужување храна, ќе го обезбеди КП „Водовод“ со авто делови за товарни возила во износ од милион и 384 илјади денари. Да биде поапсурдно, истата компанија ќе обезбедува сервисни услуги од 900.000 денари, односно ќе врши сервисни услуги за хидраулични возила, рече Цветанов и додаде:

-Не само што е безобразно, туку и целата јавност ја прават идиоти. Во договорот за авто делови на товарни возила има 1500 ставки, што би било тешко да го совлада фирма од конкретната индустрија со сериозна логистика и ресурси а не фирма за храна со тројца вработени. Живееме во мал град и за да биде поалармантно вистинскиот сопственик на ова фирма е еден од најдобрите другари на директорот на ова комунално претпријатие, изјави Цветанов.

Како што рече тој, советничката група на „Доста беше“ му дава седум дена на директорот на „Водовод“ да се произнесе, а ние ќе го контактираме ОЈО.

-Со децении од ова претпријатие се испумпуваат пари за политички кампањи и во ншиот мандат ние тоа нема да го дозволиме, рече Цветанов.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ