Од први јули со мандат од една година, Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопјe, ќе го води професорот Владо Бучковски од Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Веста ја соопшти УКИМ по конститутивна седница на новиот состав на Универзитетскиот сенат.
Универзитетскиот сенат е еден од главните органи на Универзитетот и одлучува за прашања поврзани со наставата, научните истражувања, како и развојот и функционирањето на универзитетската заедница.
Владо Бучковски две години (2002-2004) беше Претседател на Владата предводена од СДСМ, министер за одбрана, како и лидер на социјалдемократите.
Бучковски по професија е правник и професор по римско право на Правниот факултет во Скопје.





