По протестите на студентите Албанци за правосудниот испит да се полага и на албански јазик, се споделуваат шпекулации за договорот за реконструкција на Владата и ротирањето на министерствата меѓу владините коалиционери.
Од ВЛЕН за аплбанските медиумио брифираат дека Игор Филков и Иван Стоилковиќ ги губат министерствата и Министерството за правда и тоа за политички систем ги преземаат кадри на оваа партија.
Наводно, ВЛЕН ќе ги добие и Министерството за култура и туризам, како и Министерството за спорт, додека Министерството за здравство и Министерството за труд, социјална политика и демографија се очекува да заминат кај ВМРО-ДПМНЕ.
Вицепремиерското место за добро управување, што го држеше Арбен Фетаи и си даде оставка, ќе припадне на друг коалиционер.
Се најавува и дека би можел да биде реконструиран министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, а ресорот да припадне на ЗНАМ, кое во ова министерство има државен секретар.
До петок се очекува за завршат разговорите, кои се водат и со Демократската партија на Турците, која го има пратеникот Бејџан Иљас, како дел од Европскиот фронт предводен од ДУИ. Со влезот на партијата во Влада, пратеникот ќе стане дел од владејачкото мнозинство.





