Во Челопек, попладне ќе биде погребан градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Погребот на Јовица Илиевски (58), градоначалник на Брвеница е во 13 часот, на гробиштата во Челопек, додека сочувство и опело во црквата „Света Богородица“ од 11 до 13 часот.

Илиевски почина ненадејно, оставајќи зад себе сопруга и две деца. Со општината Брвеница раководеше во својот втор мандат, избран на 2 ноември 2025 година од редовите на ВМРО ДПМНЕ.

Јовица Илиевски е роден на 3 мај 1968 година во Тетово. Пред да стане градоначалник, Илиевски од 1999 година до ноември 2021 работи во Клиничка болница Тетово.

„Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати. Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат. Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце“, напиша премиерот Христијан Мицкоски, простувајќи се од Илиевски.

Од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) напишаа:

„Во времиња кога сите сакаат да бидат забележани, тој избра да биде корисен. Златен човек. Јовица Илиевски, дел од едно важно поглавје на македонската репрезентација. Вечна му слава и нека почива во мир“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ