И водата во Пласница е неисправна за пиење, потврди Центарот за јавно здравје, информираат од СДСМ, а се шири извештај и по социланите мрежи.
Но, градоначалникот на Пласница за Канал77.мк вели дека таков извештај во општината досега нема, дека од ЦЈЗ-Прилеп немаат добиено никаков документ и дека му е чудно.
-Немаме добиено никаков извештај. А го гледав извештајот по социјалните медиуми. Секогаш досега пуштале допис,но кај нас во општината нема, а нема ниту во Јавното претпијатие. Се јавив во Прилеп и ми рекоа дека извештајот е пуштен, но кај нас се уште нема. Врз основа на кој документ јас да ги информирам граѓаните да не пијат вода од чешма? Врз основа на социјални мрежи? Се јавив во Прилеп и барав да дојдат, ако може уште денес, но ми ветија дека ќе дојдат во вторник. Пласница зема вода од изворот Студенчица, па ако е така тогаш загадена вода имаат и во Прилеп, Кичево, Македонски Брод, Долнени и Крушево , сите земаме од ист извор, вели градоначалникот и додава:
-Секој месец вршиме испитување и повеќе од една година е во ред. Приклучокот ни е од 1998 година, а во 2002 година е направена мрежата. Водоводот не ни е стар, реконструиран е, сменети се азбестни цевки. Што е сега ова не знам. Ќе ги информираме граѓаните и на општинската веб страна, ќе залепиме плакати на установи, на видно место. Ако не смее да се пие нема да пиеме, вели Јаоски.
В.М.





