Водата во гостиварскиот водовод е безбедна, велат од ЈКП Комуналец Гостивар

Фото: СВР Тетово

Водата за пиење од гостиварскиот водовод е безбедна, последните резултати на анализите тоа го покажаа, велат од ЈКП „Комуналец“, кои управуваат со градскиот водовод во Гостивар. Првиот човек на претпријатието, Арта Асани во изјава за МИА потврдува дека вчера се направени вонредни контроли и одговорните зедоа мостри од водата. Таа смета дека водата не е загаден.

– Се шират разни пропаганди кои со право ги вознемирија граѓаните. Ги уверуваме граѓаните дека ЈКП во континуитет и редовно прави анализи на водата за пиење. Последните три анализи, направени во текот на овој месец покажаа дека водата е безбедна за пиење и во согласност со законските правила и стандарди за вода за пиење. Сега ги чекаме и останатите резултати по што ќе излеземе со официјално соопштение доколку има некаков проблем со водата за пиење, вели Асани.

Таа потенцира дека вработените во ЈКП постојано го надгледуваат теренот и дека состојбата е редовна. Директорката, Асани потврди дека вчера имало вонредни контроли, но првичните резултати од терен покажале дека водата е безбедна за пиење.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. По вчерашниот надзор

е утврдено е дека во главниот цевковод на водоводната мрежа, на диво, без одобрение поставена е пумпа која директно вбризгува вода од реката Вардар во овој водоснабдувачки систем.

– За да се спречи поголема опасност за населението од овој регион, АХВ издаде времена забрана за употреба на водата за пиење се до добивање на резултатите од лабораториското тестирање со кое ќе се потврди нејзината безбедност, наведуваат од АХВ.

Случајот со водата за пиење од градскиот водовод стана актуелен откако деновиве беше регистриран зголемен број на граѓани кои побарале медицинска помош поради стомачни тегоби.

По дадени насоки јавен обвинител, полициски инспектори од СВР Тетово, вчера направиле проверки во близина на извориштето на Вардар село Вруток, по пријава и искажан сомнеж во системот за водоснабдување била внесувана вода.

Портпарлот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи потврди дека по наредба на јавен обвинител се преземаат за целосно расчистување на случајот.

– Поради сомнение за сторено кривично дело „загадување на вода за пиење“, предвидено и казниво по член 219 од Кривичниот законик во расчистувањето на овој случај вклучена е и полицијата, изјави Реџепи.

Во јавноста беа изнесени фотографии и видеа на кои се гледа дека со помош на три пумпи од канал се внесува вода во главниот цевковод кој ги снабдува корисниците со вода за пиење.

Од гостиварскиот центар за јавно здравје, утрово изјавија дека претходните анализи, земени понеделникот покажале дека водата во водоводот е здрава и употреблива за користење.

Превод од изјавата на Арта Асани директор на ЈП Комуналец 

„Шират се разни пропаганди кои со право ги вознемирија граѓаните. Ги уверуваме граѓаните дека Јавното комунално претпријатие во континуитет и редовно прави анализи на водата за пиење, од кои… последните три анализи кои ги направивме во текот на овој месец покажаа дека водата е безбедна за пиење и во согласност со законските правила и стандарди за вода за пиење.

Исто така, вработените во Јавното комунално претпријатие Гостивар постојано го мониторираат теренот. Синоќа, врз основа на добиено известување, обвинителството придружувано од вработени во јавното претпријатие, како и претставници на Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје, зедоа дополнителни мостри од каде што градот се снабдува со вода за пиење. Првичните резултати од терен покажаа дека водата е безбедна за пиење. Сега ги чекаме и останатите резултати и ќе излеземе со официјално соопштение доколку има некаков проблем со водата за пиење.“

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ