Водата во Крушево неисправна за пиење

Фото: Јутјуб

Центарот за управување со кризи информира дека микробиолошки неисправна е водата за пиење во Крушево.

-Од РЦУК – Битола го пренесуваат известувањето од Центарот за јавно здравје – Прилеп дека по примероците земени на 20.07.2026 година, водата од чешмите Св. Петка, Крајпатна бензинска, реонот на Црешово Топче, Стара Црква и реонот под хотел „Монтана“ во Општина Крушево е микробиолошки неисправна за пиење. Од ЈП „Комуна“ – Крушево известуваат дека, поради бактериолошката неисправност на водата, за пиење треба да се користи флаширана вода, а за готвење и миење се препорачува водата пред употреба да се преврива најмалку 10 минути, информираат одд ЦУК.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ