Возиме по патишта без направен технички прием, а само еден автопат е по прописи – признава министерот за транспорт

Единствениот автопат со направен технички прием е Демир Капија  – Смоквица, рече министерот за транспорт и врски, Александар Николоски во телевизиско интервју. Признанието на министерот, веројатно ги објаснува на пример, работите што повремено се’ уште траат на автопатот Миладиновци  – Штип. Ова е еден од автопатиштата каде почна да се вози без решени излези за некои од населените места, или продолжија да се прават потпорни ѕидови на одделни делници.  

-Ние ретко имаме патишта коишто имаат технички прием и тоа е еден од проблемите коишто ги решаваме, за коишто ретко зборуваме во јавноста. А јас кога бев избран, единствен автопат којшто имаше технички прием Демир Капија  – Смоквица. Само како еден пример, имаме автопатишта коишто се многу постари од Демир Капија, Смоквица и сега работиме еден по еден да ги запишеме, рече Николоски.

Министерот рече дека процедурата на запишување трае околу три месеци, но дека има ситуации кога изведувачот во тој период решава, како што кажа, понекој некој помал проблем, нешто да се надополни.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ