Претседателот Венко Филиче се задржа и на улогата на првиот претседател Киро Глигоров презеде историската одговорност да ја води земјата во најтешките години на распадот на Југославија и создавањето на независна држава.
„Киро Глигоров беше дел од таа генерација државотворци. Учествуваше во антифашистичката борба и беше секретар на Иницијативниот комитет за формирање на АСНОМ. Потоа следуваа децении на значајни политички и економски функции во федеративна Југославија. Тој беше непосреден сведок и учесник во создавањето институции, во стопанските реформи, во успесите, во кризите и конечно во распадот на таа држава и прогласувањето на независноста“, рече претседателот на СДСМ.ж
Слушај радио во живо
На одбележувањето на годишнината присуствуваа поранешни претседатели и други раководители на партијата како и актуелни функционери, пратеници, градоначалници. На одбележувањето едни до други седеа поранешниот претседател Стево Пендаровски, екс-премиерите Зоран Заев и Димитар Ковачевски и други.
Прочитајте на темата:
Партиите живеат на грбот на граѓаните, а слават со пари на донаторите










