Запленети 168,7 килограми режан тутун на пазар и плоштад во Прилеп

Царински службеници од царинарница Битола и мобилни тимови од Одделението за оперативни работи на зелениот пазар и градскиот плоштад во Прилеп спроведоа акција за контрола на акцизни производи, при што запленети се вкупно 168,7 килограми режан тутун, за кои е избегнато плаќање акциза во висина од 463.787 денари. Во акцијата е повикана и асистенција од полициски службеници.

-Конкретно, фатени се шест лица како продаваат тутун без акцизни маркички, со што најгрубо го прекршиле законот, го оштетиле Буџетот на државата и го загрозиле здравјето на граѓаните. Против нив се поведени соодветни постапки пред надлежниот суд и Комисијата за прекршоци. Ова е втора акција на Царинската управа, за многу краток период. Претходно во контрола на пазарот во Чаир беа запленети 135 килограми режан тутун. Царинската управа продолжува со засилена борба против нелегалната трговија со тутун и тутунски производи преку зајакнати контроли во внатрешноста на државата и засилени истраги за увозот на тутун и тутунски производи, информираат од Царина. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ