Ако Европа продолжи да молчи пред нападот на САД, сите земји ќе ја платат цената, се закани Иран

Иран денеска се закани дека „ако Европа продолжи да молчи“ пред „агресијата против меѓународното право“ што ја претставуваат американските и израелските напади, „сите земји ќе ја платат цената“.

– Оние кои ќе останат неми, ќе бидат соучесници во оваа неправда … доколку Европа продолжи да молчи пред овој напад врз меѓународното право, сите земји ќе ја платат цената порано или подоцна – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Исмаил Багеи, во интервју за шпанскиот канал 24 Horas.

Тој додаде дека ниту една земја членка на Обединетите нации не може да остане индиферентна пред овие напади, пренесе шпанскиот јавен сервис Rtve. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ