Анкета: Дискутабилен квалитет на образование

Во време кога се алармира на образовна криза, партизираност на системот, а резултатите од ПИСА тестовите покажуваат дека имаме функционално неписмени ученици, споделуваме анката во која го бараме вашето мислење за квалитетот на образовниот систем.

Воедно, во земји како што е нашата, каде што постојат повеќе етнички заедници, важно е да се постават и бараат одговори на прашањата како што се: како овие заедници го доживуваат образовниот процес и дали постои разлика во пристапот и квалитетот на образованието меѓу нив. Со оваа анкета, сакаме да собереме информации кои ќе помогнат да се идентификуваат главните проблеми и да се најдат начини за подобрување.

Вашите одговори ќе бидат основ и поттик на разговорот во новиот подкаст на Канал 77 „Да биде појасно“ посветен на состојбата во образованието.

Анкетата е анонимна и не се потребни вашите лични податоци.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ