Во денешното издание на емисијата Стадион, гостин е Јован Донев, поранешен амбасадор во Лондон и универзитетски професор.
Според него, Британија е традиционален поддржувач на македонската државност и суверенитет од 1990 година:
„Британија, историски ако гледаме, никогаш не е нешто особено заинтересирана за Македонија. Никој од големите сили не бил заинтересиран за Македонија, ние сме биле едноставно паричка за поткусурување на нивните интереси. Од 1990 година Британија е поддржувач на независноста на Македонија, тоа е неспорно, територијалниот интегритет, прифатија дека постои суверена држава. Тешко им одеше „Република Македонија“, меѓутоа и тоа го прифатија, вели тој.
Донев потсетува дека решението „поранешна југословенска република“ е британско, но и дека Британците го замислувале како привремено решение кое многу бргу ќе исчезне:
Јас зборував со еден поранешен амбасадор во ООН кој баш во тоа време разговараше, негов е предлогот за „поранешна југословенска република“ и неговото образложение држеше – јас, вика, проценив дека тоа е најдобар момент да вие прво станете членка на Обединетите нации, а дека тоа име после ќе се изгуби. Ќе си остане Република Македонија, вика, тоа беше и негова сугестија до македонската влада, вика, продолжете само да продолжете да ја „вртите рачката на рулетот“, немојте да дозволите да запре. Ние ја запревме. Владата на Груевски влезе во дефанзива, стави блок, место да излага со свои предлози, да бидеме агресивни со свои предлози и идеи, особено после пресудата во Хаг, подвлекува Донев.
Целата емисија Стадион можете да ја погледнете на линкот:





