Вашингтон пост: САД потрошија повеќе од половина од залихите со противракетни пресретнувачи ТХААД за одбрана на Израел

Соединетите Американски Држави потрошија повеќе од половина од своите залихи на противракетни пресретнувачи ТХААД (THAAD) додека го штителе Израел од иранските напади, објави „Вашингтон пост“.

Според весникот, кој се повикува на американски функционер, САД употребиле повеќе од 200 пресретнувачи ТХААД, како и над 100 пресретнувачи од типот СМ-3 и СМ-6 за соборување проектили насочени кон Израел. Од друга страна, самиот Израел искористил помалку од 100 пресретнувачи „Ароу“ (Arrow) и околу 90 од системот „Давидс слинг“ (David’s Sling). Доколку конфликтот со Иран се обнови, САД веројатно ќе мора да користат уште повеќе пресретнувачи, со оглед на тоа што Израел одлучил дел од своите батерии да ги испрати на редовно одржување.

Израелските власти доследно ги негираат тврдењата дека им снемало пресретнувачи и минатиот месец одобрија планови за значително забрзување на производството на ракетите „Ароу 3“, чија поединечна цена се проценува на два до три милиони долари.

Иран во текот на војната лансираше околу 650 балистички проектили кон Израел. Најмалку 16 проектили со конвенционални боеви глави погодиле населени подрачја во Израел, предизвикувајќи голема штета, а забележани се и повеќе од 50 случаи на удари со касетни боеви глави на стотици различни локации. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ