САД управуваа со повеќе од 12 милијарди долари од венецуелска нафта

Според извештајот, купувачите на венецуелска нафта и други природни ресурси уплаќале пари на сметката на Министерството за финансии на САД

Поголемиот дел од средствата уплатени на сметката, повеќе од 12,1 милијарди долари, потекнуваат од продажба на нафта, други нафтени производи и природен гас

Во првите девет месеци од оваа година, САД управувале со повеќе од 12 милијарди долари приходи од продажба на венецуелска нафта, според извештајот на ревизорската фирма KPMG објавен од Стејт департментот.

Таквиот систем за управување со приходите е воспоставен откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го уапси во јануари тогашниот венецуелски претседател Николас Мадуро.

Според извештајот, купувачите на венецуелска нафта и други природни ресурси уплаќале пари на сметката на Министерството за финансии на САД, од кои средствата потоа биле префрлени на привремената венецуелска влада, која ја предводат поранешни сојузници на Мадуро кои сега тесно соработуваат со Вашингтон.

Прочитајте исто така: Трамп: Набргу ќе почнат напади врз копнените маршрути по кои се транспортира дрога од Венецуела

Извештајот е датиран на 29 октомври и е доставен до Конгресот на почетокот на ноември, изјави претставникот на Стејт департментот.

„Извештајот покажува дека системот функционира“, рече анонимен претставник за Њујорк тајмс.

Слушнете го Канал 77 радио во живо онлајн!

Тој додаде дека приходите од венецуелската нафта и други природни ресурси во текот на првите девет месеци биле искористени за финансирање на основните јавни услуги, одржување на макроекономската стабилност и обнова на клучните сектори како што се енергетиката, здравството и инфраструктурата.

Според извештајот, поголемиот дел од средствата уплатени на сметката, повеќе од 12,1 милијарди долари, потекнуваат од продажба на нафта, други нафтени производи и природен гас. Помали износи се реализирани од продажба на злато (108 милиони долари), минерали (22 милиони долари) и ѓубрива (24,6 милиони долари).

Прочитајте исто така: (Вознемирувачко видео) „Не убива земјотресот туку лошите згради“ -Два големи потреси во Венецуела, има мртви

„Средствата остануваат суверена сопственост на Венецуела“, се наведува во извештајот, но се задржани во исчекување на одлука за нивна употреба за јавни, државни или дипломатски цели од страна на американскиот државен секретар Марко Рубио.

Од вкупниот платен износ, 12,11 милијарди долари, или 99 проценти, се исплатени. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ