(Видео) Во верижен судар на 23 возила во ОAЕ загинаа 14 луѓе

Фото: Х видео

Четиринаесет луѓе загинаа, а десетици се повредени во верижен судар во Фуџаира, Обединети Арапски Емирати.

Министерството за внатрешни работи на ОАЕ соопшти дека несреќата ја предизвикал возач на камион, кој изгубил контрола и налетал на повеќе возила. Од силниот удар камионот се запалил, а огнот се проширил на неколку други возила.

Во несреќата учествувале 23 возила, од кои пет камиони.

Полицијата во Фуџаира соопшти дека 30 луѓе се повредени и се примени во болница.

Mеѓу жртвите има државјани и на Оман, Индија, Бразил, Пакистан, Јордан и Египет. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ