Драматични сцени биле забележани на аеродромот во Пукет, во јужната провинција Тајланд, кога авион на „Ер Индија експрес“ имал проблем при слетувањето.
Боингот 737-800 останал заглавен на пистата по грубо слетување и оштетување на предниот слетувачки трап, објавува „Телангана Тудеј“.
Според достапните податоци, инцидентот се случил на летот АХБ938 од Хајдерабад, Индија. По грубото слетување, околу 12:15 часот по локално време, седум члена на екипажот и 131 патник, вклучувајќи две бебиња, останале во авионот.
Надлежните служби реагирале веднаш, па сите биле безбедно евакуирани и немало повредени. Стандардната постапка за итни ситуации е започната, беше објавено.
🚨 Another video of a very rough landing at Phuket
— NEXTA (@nexta_tv) March 11, 2026
A flight from Hyderabad (India) to Phuket with Air India Express literally dug into the runway, and the Boeing was left without landing gear. https://t.co/UABuoXhzL4 pic.twitter.com/bMVfY1rwTe
По инцидентот, властите беа принудени да ја затворат единствената оперативна писта на аеродромот Пукет речиси шест часа за да го отстранат авионот и да проверат евентуално оштетување на површината на пистата.
Во тој период, сериозни прекини во сообраќајот беа регистрирани на еден од најпрометните меѓународни аеродроми во Тајланд, кој е важна „порта“ за туристите.
Според извештаите, повеќе од 120 летови биле погодени од привременото затворање.
Ер Индија Експрес подоцна соопшти дека патниците и членовите на екипажот се безбедни и дека целосно соработуваат со воздухопловните власти.
Властите започнаа официјална истрага за да ја утврдат причината за инцидентот. Истражителите ќе ги анализираат временските услови, дејствијата на пилотот за време на слетувањето, како и техничката состојба на авионот.







