(Видео) „Војна се води на терен не со твитови и не е епски гнев туку страв“ – Иранската гарда го исмеа Трамп

Фото: Х видео принтскрин

Портпаролот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Ебрахим Золфагари, му се потсмеваше на американскиот претседател Доналд Трамп во порака на англиски јазик, осврнувајќи се на неговите објави на социјалните мрежи.

„Исходот од војната се одредува на терен, а не со твитови. Токму таму вие и вашите сили не се осмелувате ниту да се приближите, а за тоа можете да зборувате само во вашите твитови“, рече Золфагари. „Подобро би било оваа војна да се нарече „Епски страв“ отколку „Епски гнев“, додаде тој.

Иранскиот корпус на Револуционерната гарда е елитна гранка на иранските вооружени сили, основана по Исламската револуција во 1979 година како паралелна безбедносна структура покрај редовната армија.

Неговата првична мисија беше да ја заштити револуционерната влада и политичкото раководство, но со текот на времето прерасна во организација што многу аналитичари ја опишуваат како еден вид „длабока држава“. Покрај силното влијание во безбедносниот апарат, тој изгради и голема бизнис империја.

Командантот на Корпусот на Револуционерната гарда директно му известува на врховниот лидер на Иран. ИРГЦ има длабоко влијание врз домашната политика и економијата, со интереси што се протегаат во градежниот сектор, телекомуникациите, автомобилската индустрија и енергетиката.

Една од нејзините под-единици, Басиџ, учествуваше во задушувањето на антивладините протести во 2009 година и помогна во консолидирањето на моќта на тогашниот тврдокорен претседател Махмуд Ахмадинеџад. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ