(Видео) Врескање и страв – Први снимки од силниот земјотрес на Филипи

Фото: Х

Земјотрес со јачина од 7,6 степени денеска го погоди јужниот филипински регион, предизвикувајќи луѓето да бегаат од зградите и поттикнувајќи ги властите да издадат предупредување за цунами.

Како што пренесе ДПА, засега нема извештаи за жртви од земјотресот, кој се случи во 9:43 часот наутро крај брегот на покраината Давао Ориентал, околу 1.000 километри јужно од Манила, соопшти Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs).

– Очекуваме штета и последователни потреси, изјави директорот на Phivolcs, Тересито Баколкол.

Жителите на крајбрежните подрачја во седум покраини беа „строго советувани веднаш да се евакуираат на повисоки терени или да се придвижат подалеку кон внатрешноста“, стои во предупредувањето за цунами на Phivolcs.

Додека Phivolcs ја процени јачината на земјотресот на 7,6 степени, Американската геолошка служба (USGS) пријави јачина од 7,4 степени. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ