Најмалку две лица загинаа во ирански ракетен напад врз Израел, соопштија рано изутринава локални медиуми.
Жртвите биле тешко повредени во нападот врз градот Рамат Ган во близина на Тел Авив, а подоцна им повредите, пренесуваат весниците „Хаарец“ и „Тајмс оф Израел“ информации од Службата за итна помош „Маген Давид Адом“.
Trump: 'looking' to ban top US media & 'treason charges' for 'fake' footage of Iran hitting US ships
— RT (@RT_com) March 16, 2026
NYT & NY Post confirm this Iran deadly strike on US ship is real pic.twitter.com/Mu7sJOImLf
Уште две лица се здобиле со полесни повреди во нападите врз населбите Бнеи Брак и Петах Тиква, источно од Тел Авив.
WATCH: Iranian Khorramshahr ballistic missiles with ~80 bomblets targeting Israel tonight. pic.twitter.com/HVVXkQ1FZf
— Clash Report (@clashreport) March 17, 2026
Израелската армија соопшти дека се регистрирани напади врз повеќе локации во централниот дел на земјата и ги повика граѓаните да се држат подалеку од погодените подрачја.
Фотографии покажуваат и оштетувања на железничката станица Савидор во Тел Авив.
🇮🇷🇮🇱 Unusual cluster munition explosions in the vicinity of Ben Gurion airport. Tel Aviv is under an almost permanent orange apocalyptic glow. https://t.co/Wla7GlcSqu pic.twitter.com/aWMN2GOUI2
— THE ISLANDER (@IslanderWORLD) March 18, 2026
Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека нападнал повеќе од 100 цели во Тел Авив во рамките на 61-от бран на операцијата „Вистинско ветување 4“, наведувајќи дека акцијата е изведена како одмазда за смртта на поранешниот ирански безбедносен функционер Али Лариџани.
Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека целите биле гаѓани со различни типови ракети, вклучувајќи ги „Khorramshahr-4“, „Qadr“, „Emad“ и „Kheibar Shekan“, пренесе порталот Прес ТВ. ИРГЦ тврди дека за време на нападот биле погодени воени и безбедносни цели во Тел Авив, како и дека дошло до делумен прекин на електричната енергија во градот.
Во соопштението исто така се наведува дека во досегашниот тек на операцијата „Вистинско ветување 4“ повеќе од 230 Израелци се убиени или ранети.
Иранската страна наведува дека операцијата е покрената по, како што тврди, американско-израелските напади врз Иран, додека мети на нападите, покрај Тел Авив, биле и цели во Ерусалим, Хаифа, Бер Шева и областа Негев, како и американските воени пунктови во регионот, вклучувајќи бази во Катар, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт и Саудиска Арабија. МИА







