(Видео) Не знаев за злосторствата на Епстин, нека сведочи Трамп под заклетва, рече Хилари Клинтон по сведочењето

 Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, на вчерашното сослушување во Конгресот, изјави дека не знаела за злосторствата на Џефри Епстин и Гилејн Максвел.

– Немав поим за нивните криминални активности. Не се сеќавам дека некогаш сум го сретнала господинот Епстин, наведе Хилари Клинтон во воведниот говор, што го сподели на социјалните мрежи.

Таа и претходно изјави дека нејзиниот сопруг, поранешниот американски претседател Бил Клинтон патувал со Епстин на добротворни настани, а таа не се сеќава дека некогаш се сретнала со покојниот, осуден сексуален престапник. Хилари призна дека била во контакт со поранешната девојка и блиска соработничка на Епстин, Максвел, која присуствуваше на свадбата на нивната ќерка Челси Клинтон во 2010 година.

За денес е закажано сослушувањето на Бил Клинтон. Првпат поранешен претседател ќе сведочи пред Конгресот.

Хилари и Бил Клинтон првично одбија да сведочат, но подоцна попуштија откако пратениците се обидоа да ги обвинат за непочитување на Конгресот.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ