Претседателот Доналд Трамп ја нападна водителката на CBS News, Нора О’Донел, во интервју емитувано во недела, откако таа цитираше делови од манифестот на осомничениот вооружен човек кој се обиде да влезе на вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа помалку од 24 часа претходно, пренесува нова.рс.
Трамп првично зборуваше за чувство на заедница со новинарите кои го угостија на традиционалната вечера и кои ја доживеаја почетната паника со него кога вооружени членови на безбедносните служби упаднаа во салата.
Меѓутоа, кога О’Донел го цитираше наводниот манифест на осомничениот вооружен човек Кол Ален за време на интервјуто снимено во Белата куќа во недела: „Повеќе не сум подготвен да дозволам педофил, силувач и предавник да ми ги извалка рацете со своите злосторства“, Трамп, кој дотогаш одговарапе доста мирно, реагираше бурно.
„Чекав да го прочитате затоа што знаев дека ќе го направите тоа, затоа што сте ужасни луѓе. Ужасни луѓе“, рече Трамп. „Да, тој го напиша. Јас не сум силувач. Не сум силувал никого.“
О’Донел рече: „Дали мислите дека мислел на вас?“
🚨OH – MY – GOD!!! Trump has a total MELTDOWN and loses his freaking mind live on 60 Minutes.
— CALL TO ACTIVISM (@CalltoActivism) April 26, 2026
He literally shouts:
"I'M NOT A PEDOPHILE."
"I’M NOT A RAPIST."
"YOU’RE A DISGRACE."
Trump snapped when the reporter read part of the shooter’s manifesto, but here’s the thing:… pic.twitter.com/lIfsq8s7Gv
Претседателот го игнорираше прашањето и одговори: „Јас не сум педофил“.
Трамп, исто така, реагираше бурно на она што се чинеше дека го сфати како алузија на неговата врска со Џефри Епштајн, иако тој не беше споменат во манифестот или во прашањето на новинарот.
„Читате глупости напишани од некоја болна личност“, рече тој. „Ме поврзуваат со работи што немаат никаква врска со мене. Целосно сум ослободен од обвиненијата“.
Непосредно пред тоа, О’Донел го праша дали мисли дека искуството со вечерата ќе го промени неговиот однос со медиумите. Тој одговори нејасно, тврдејќи дека медиумите се во голема мера левичарски ориентирани и против неговите политики за имиграцијата и криминалот.
Сепак, неговиот остар одговор што следеше даде многу појасен увид.
„Треба да се срамите што го читате тоа, бидејќи јас не сум ништо од тоа“, рече Трамп. „Тоа не треба да биде во „60 минути“. Вие сте срам“.







