Странци се, валат извори на Канал77 по вчерашниот инцидент, кога двајца параглајдеристи слетаа на шеталиште во Охрид и за малку ќе повредеа четворица пешаци, меѓу кои едно дете.
Од СВР Охрид нема информции за кого станува збор, од таму денес се огласија со кусо соопштение во кое го потврдиј случајот и кажа дека се работи на него.
-На 26.04.2026 во 21:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека околу 14:00 часот две лица со параглајдер се спуштиле на пешачката патека после каналот „Студенчишта” во Охрид, по што паднале на плочникот. Притоа, дел од опремата на параглајдерот ја зафатила електричната канделабра поставена на централниот дел од патеката која се скршила и паднала на пешачката лента. Во СВР Охрид нема пријава за повредени лица, а во консултација со јавен обвинител, се преземаат мерки за расчистување на случајот, рекоа од СВР Охрид без повеќе детали.
Извори на Канал77 велат дека најверојатно станува збор за странци, кои со параглајдерот полетале од Галичица. Велат и дека ова не е прв пат да се случи вакво нешто бидејќи досега параглајдеристи наместо на слетилиште завршувале во езерото или останувале да висат на некое дрво и дека треба сериозно да се провери кој се може да добие дозвола за летање.
Од Општина Охрид велат дека тие немаат врска со дозволи за летање и со слични туристички атракции, но дека го чекаат извештајот од СВР Охрид, за да поведат иницијатива за плаќање на скршената канделабра и четири фенери на шетлиштето, кои беа урнати откако двајцата параглајдеристи, за среќа, ги промашија луѓето, ја срушија канделабрата и слетаа.
-Општина Охрид нема никаква врска со издавање дозволи за летање параглајдер, но со канделабрата утрово е решен проблемот. Канделабрата е обновоена, само го чекаме извештајот од полиција за да видиме кои се, односно кој го упавувал параглајдерот и направил штета. Да, таму е слетилиште, кај плажата Куба, но го промашија. На плажата Куба веќе 18 години се слетува, има парк е сега зависи од ветерот, односно временските услови и вештината на човекот кој управува. Љубаништа кампот и Куба се места каде се слетува со децении. Овој случај претпоставувам дека ќе покрене иницијатива кој се управува со параглајдери, вели градоначалникот Пецаков.
Од Националниот парк „Галичица“, од каде полетале параглајдеристите и кои најверојатно ја даваат дозволата на телефонскиот број никој не се јавува.







