(Видео) Хаос во Истанбул – Престрелка пред израелскиот конзулат, убиени двајца напаѓачи

Фото: Х видео принтскрин

Двајца напаѓачи се убиени во престрелка со безбедносните сили пред зградата на израелскиот конзулат во Истанбул,  објави телевизијата Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на полицијата во Истанбул.

Медиумот посочува дека во инцидентот е ранет и третиот осомничен, а исто така, повредени се и двајца полицајци.

На социјалната мрежа „Икс“ објавено е видео од налогот на „Asayiş Berkemal“. Асајиш Беркемал е турски бренд на социјалните медиуми и креатори на содржини поврзани со полицијата, вести за јавната безбедност и сообраќајни инциденти. 

Снимките покажуваат засилено безбедносно присуство околу зградата на конзулатот во населбата Левент, во општината Бешикташ.

Мотивот за нападот, како и дали конзулатот бил директна цел, засега не се познати. МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ