Возач во Охрид прегазил пешак и побегнал, пијани и возачот и пешакот

Фото: МВР

Лишен од слобода возач од охридско, удрил пешак и избегал, по преземени мерки е пронајден и утврдено е дека имал 2,78 промили алкохол во крвта

-На 13.04.2026 во 16:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„Кленоец“ во Охрид, патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.Ј.(52) од с.Горно Лакочереј, охридско, удрило во пешакот А.Н.(55) од с.Свиништа, охридско и го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид. По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Охрид, возачот З.Ј. е пронајден и по наредба на јавен обвинител е лишен од слобода и возилото е одземено, а при извршени проверки било констатирано дека З.Ј. е под дејство на алкохол, односно има 2,78 промили алкохол во крвта, информираат од МВР и дддаваат:

-И кај А.Н. е утврдено дека има 1,34 промили алкохол во крвта. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во инфмормацијата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ